Касами: Владеачкото мнозинство ќе се зголеми со пратеници од Европскиот фронт

од Nikola Popovski
494 прегледи

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Биљал Касами, изјави дека се во напредна фаза на преговори со неколку пратеници, како од опозицијата од албанскиот блок, така и од другите заедници кои моментално се дел од „Европскиот фронт“. Тој нагласи дека се очекува парламентарното мнозинство што ја поддржува Владата многу наскоро да се прошири.

„Во моментот кога вратата ќе се отвори и ако некој излезе, се отвора можност за влез на повеќемина и поради оваа причина можам да гарантирам дека оваа влада ќе ја зголеми својата поддршка во Парламентот. Ќе ги зголеми бројките. Од ЕФ и од структурата на Таравари. Ценам дека Алијанса ќе остане како дел од ВЛЕН и во Владата, но ќе видиме со колку пратеници во текот на неделава“, рече Касами во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Според Касами, Арбен Таравари избрал да ја игра улогата на тројански коњ и цело време правел притисок одвнатре за да нема резултати. На прашањето како го коментира ставот на Таравари, кој тврди дека дури 70% од етничките Албанци се незадоволни од позицијата на ВЛЕН во Владата, Касами го обвинува токму Таравари како извор на проблеми во коалицијата.

Касами изјави дека во Владата имало разговори какви комбинаторики да се направат во однос на министерските места што би се испразниле со заминувањето на АА и Таравари. Тој не ја исклучува можноста ВЛЕН да го „даде“ Министерството за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат да добие друг ресор.

Слични содржини