Касами за бегството на Мијалков: Ако МВР не успее да даде одговор ќе бараме политичка одговорност

од Берта Китинска
218 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да објасни како се случило бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, вели  лидерот на Беса, Биљал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21

„Најдиректна одговорност треба да побараме од Министерот за внатрешни работи. Тој е избран во Собрание и таму треба да објасни. Прашуваме каде е човекот, каде е Мијалков, како побегнал, кој му помогнал?. Тоа треба да го одговори Министерот за внатрешни работи.Ако не успее да даде одговор на овие прашања, тогаш ќе бараме политичка одговорност. Ние политичка одговорност не можеме да побараме од обвинителството, само од Министерот за внатрешни работи“, додава Касами.

Тој смета дека институциите, но и Владата во која се дел, имаат голема одговорност.

„Мијалков не беше обичен човек, туку човек со повеќе кривични дела. Имаше индиција и дека ќе побегне, затоа требало да се внимава максимално“, порача Касами.

Слични содржини