Касами за неодењето кај Рама: Не сакавме да ни се повтори искуството со фамозната тиранска платформа

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Лидерот на Беса, Билал Касами во гостувањето во „360 степени“ на ТВ Алсат  рече дека е вистинска одлука да не оди на средбата на партиите на Албанците од земјава со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.

-Бидејќи не беше лична или емотивна, туку беше одлука на органите на партијата на Движењето Беса, правејќи сеопфатна анализа на повикот, на политичкиот момент, на форматот и уште повеќе од моментот кога поканата стана и јавна. Имајќи го предвид и претходното искуство со таква средба, која за волја на јавноста, и првиот пат не бевме информирани дека ќе биде јавна. Знаеме за големата фама што се создаде во Северна Македонија, за фамозната тиранска декларација. Ако еднаш доживеавме такво искуство, не сакавме да се повтори, рече Касами.

На новинарска констатација дека не се оствариле најавите на Беса оти со состанокот „Груби и Ахмети уште еднаш се обидуваат да го искористат Рама затоа што не знаат како да излезат од калта во која заглавија“ и дека средбата била празнична и опуштена, Касами рече дека тоа уште повеќе го потврдува нивниот став за неучество.

-Најмалку имаме потреба да се сретнеме на вечера, во време кога ситуацијата во РСМ е навистина комплексна и на државно ниво. Економската ситуација, енергетската криза, политичката ситуација, вели тој.

Лидерот на Беса не прифаќа дека на одлуката за неприсуство во Тирана може да се гледа како на израз на „комплекс на пониска вредност“.

-Можеби е спротивното, самиот претседател на ДУИ, кој даде таква изјава по средбата покажува дека тие имаат страв од Движењето Беса, бидејќи има изрека која вели „не прашувај го него, зашто самиот ќе ти каже“. Значи Движењето Бeса нема такво чувство, уште повеќе нема проблем да седне и да се сретне со претседатели на партии, особено на албанските во РСМ, но да зборуваат за реални прашања и проблеми и да најдат решение за тие проблеми. Значи, цениме дека по 20 години на власт на Али Ахмети и ДУИ, на чело сега со Артан Груби, немаме потреба да седнеме со нив да вечераме и да наздравуваме и да зборуваме за релаксирани теми, во време кога граѓаните се во длабока економска криза, вели Касами.

Слични содржини