225
Посакувам органите на правдата да си ја вршат работата онака како што бараат граѓаните , кажа лидерот на „Беса“ и градоначалник на Тетово, Биљал Касами денеска, по новинарско прашање околку покренувањето на истрага против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири.
Тој додава дека истото треба да се случи и со другите функционери, како што рече, од другите владејачки партии чии предмети се во фиоките.
-Ме радува што во овој случај Обвинителството презеде конкретни чекори. Би сакал и другите функционери на други партии, делови од власта, обвинителството и органите да имаат иста мерка и ист пристап, како што имаме во многу други случаи, рече Касами.