Касами: Затворска казна за случајот „Онкологија“

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Движењето Беса бара одговорност за случувањата во Клиниката за онкологија и оставка од актуелниот министер за здравство.

Воедно апелира надлежните органи, МВР и Обвинителството да дејствуваат според законот.

БЕСА бара и одговорните за овие, како што рече Касами, нечовечки и монструозни дела, да добијат максимална затворска казна.

Партијата, додаде Касами, се сомнева дека ќе има правда и одговорност за овој случај, исто како што немало, рече, и за „Беса транс“, „Дурмо турс“ и модуларната болница во Тетово.

– -Главните виновници за овие трагедии се слободни и без обвиненија. Но, жален е и фактот што граѓаните предупредуваат на вакви скандали и други клиники. Во текот на вчерашниот ден граѓаните на социјалните мрежи се ширеа информации дека повеќе од шест месеци на Клиниката за кардиологија во Скопје нема електрофизиолошка сала за операции и повеќе од 170 пациенти страдаат без да се најде лек или решение. Бараме од премиерот Ковачевски итно да излезе и да се изјасни дали оваа информација е точна, а истовремено ги повикуваме надлежните органи, МВР и Обвинителството да дејствуваат според законот, истакна Касами.

Слични содржини