Израелските војници во саботата ловеле командант на Хамас опишан како палестински Осама бин Ладен. Ветуваат дека ќе го најдат каде и да се крие и му посочуваат дека деновите му се одбројани, пренесе „Daily Mail“.
Јахја Синвар (60) моментално е шеф на Хамас во Појасот Газа.
Израел го апсеше неколку пати, а тој помина 24 години во израелските затвори. Тој беше ослободен во 2011 година како дел од размена на затвореници во замена за израелскиот војник Гилад Шалит.
Токму Синвар се смета за одговорен за убиството на 1.300 Израелци во нападот на 7 октомври.
– Јахја Синвар е лицето на злото. Тој е мозокот зад ова, исто како што беше Бин Ладен. Тој ја изгради својата кариера на убивање Палестинци кога сфати дека тие се соработници. Така тој стана познат како Касапот на Кан Јунис, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили Ричард Хехт.
Хехт рече дека израелските војници нема да мируваат додека Синвар не биде пронајден и убиен.
– Ќе дојдеме до тој човек и целиот негов тим, додаде Хехт.
Синвар беше прогласен за терорист и од САД во 2015 година.
Главниот портпарол на ИДФ, контраадмирал Хагари, вети дека е започната потера по Синвар, каква што не е забележана во историјата на Израел. „Тој е мртов човек“, рече Хагари на прес-конференција, според Тајмс оф Израел.
Синвар е водач на Хамас во Газа, втор по команда на целиот Хамас и еден од основачите на военото крило на Хамас. Синвар е мозокот на бруталните масакри на Хамас во градовите и заедниците во јужен Израел и на музичкиот фестивал Нова на 7 октомври, според официјалната веб-страница на израелската армија, каде што е наведена целата биографија на Синвар.
„Хамас не е само терористичка организација, туку, за жал, и избраниот суверен на Газа. Како нејзин водач, Синвар ги пренасочува сите ресурси на Газа за финансирање на изградбата на терористичка инфраструктура, како што се подземни тунели за напади, ракетни фрлачи и оружје, оставајќи го најголемиот дел од Цивилите во Газа да живеат во сиромаштија, додека терористичките лидери на Хамас како самиот Синвар можат да живеат луксузен живот“, велат Израелците.
Синвар стана истакнат водач во затворот. Тој стана познат по злоупотреба и употреба на грубо насилство и сурови методи на тортура против оние кои му се спротивставија и оние кои се осомничени дека му помагаат на Израел.