Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Касемиро е се поблиску до трансфер во Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ за бразилскиот интернационалец ќе платат 60 милиони евра, а договорот предвидува и бонуси во висина од 10 милиони.
Во последните неколку часа преговорите меѓу двата клуба влегоа во одлучувачка фаза, а информациите говорат дека ја прифатиле понудата од „Сантијаго Бернабеу“ за еден од нивните најважни играчи.
Во Јунајтед се уверени дека зделката ќе биде финализирана многу брзо. Англискиот гигант му нуди на Касемиро договор до 2026 година со можност за продолжување на уште 12 месеци. Играчот од средниот ред ќе зема и поголема плата од онаа во Реал, но не и двојно поголема, како што се тврдеше вчера.
Касемиро денеска треба да пристигне во Манчестер и да ги помине задолжителните лекарски прегледи. До крајот на викендот ќе бидат завршени сите формалности околу трансферот. Не е исклучено дури и Бразилецот да дебитира на дербито против Ливерпул во понеделник.
Шпанските медиуми како сигурен знак за неизбежното заминување на Касемиро од Реал го истакнаа и фактот дека неговата мајка го следела Манчестер Јунајтед на една од социјалните мрежи.