Касемиро: Еден ден сигурно ќе се вратам во Реал…

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Бразилскиот играч за врска Касемиро се прости од соиграчите, управата и навивачите на Реал Мадрид на специјална прес-конференција пред неговата официјална преселба во Манчестер Јунајтед.

Двата тима го договорија трансферот на играчот на крајот на минатата недела, а викендов тој беше на лекарски прегледи.

Се очекува Касемиро да биде официјално најавен и претставен како играч на „црвените ѓаволи“ вечерва во пресрет на дербито со Ливерпул, но пред тоа емотивно се збогува по 9 години и 18 трофеи со „Лос Бланкос“.

„Како што знаете, не ми се допаѓа центарот на вниманието и да бидам во него, но ќе се обидам да зборувам од срце. Благодарение на тебе претседателе, со тебе Реал Мадрид има сегашност и иднина. Ви благодарам и „хала“ Мадрид. Кога го напуштив Сао Паоло, јасно ми беше дека ќе играм во првиот тим на Реал Мадрид. Освоив многу титули, но најголема беше кога секој ден излегував на тренинг. Тука го изградив семејството, ја запознав сопругата, која ми даде две прекрасни деца. Многу ти должам претседателе. Им благодарам и на сите мои соиграчи, бидејќи без нив ова немаше да биде возможно. Меѓутоа, ако зборувам за моите соиграчи, не можам а да не зборувам за двајца од нив: Модриќ и Крос. Беше фантастично да се игра фудбал со нив. Еден ден сигурно ќе се вратам за да продолжам да му помагам на овој клуб“, изјави емотивниот Бразилец.

Слични содржини