Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Касемиро ја одбил понудата на Галатасарај да ја продолжи играчката кариера во клубот од Истанбул, пренесуваат британските медиуми. Касемиро (32) пристигна во Манчестер Јунајтед во 2022 година од Реал Мадрид.
Покрај Реал и Манчестер Јунајтед настапуваше и за Порто и Сао Паоло. Британските медиуми пренесуваат дека бразилскиот фудбалер бил мета на критики од навивачите на „Олд Трафорд“ поради слабата форма на почетокот на новата сезона, поради што челниците на Манчестер Јунајтед планираат да го продадат Касемиро.
Најголем интерес за бразилскиот фудбалер покажа Галатасарај, но Касемиро им порача на челниците на англискиот клуб дека не сака да игра во турскиот шампионат, бидејќи верува дека наскоро ќе се врати во топ форма. Бразилскиот фудбалер во клубот со „Олд Трафорд“ има неделна плата меѓу 420.000 и 450.000 евра.
Тој оваа сезона одигра четири натпревари за тимот од Манчестер.
Потсетуваме, на почетокот на неделава можеби најголемата бомба во Европа одекна на Босфорот, бидејќи Виктор Осимен го засили Галата преку едногодишна позајмица. Се споменуваат и можните пристигнувања на Адриен Рабио и Филип Костиќ.