241
Голманот на Порто, Икер Касиљас постави рекорд во Лигата на Шампионите по натпревари без примен гол, откако запиша 57-ми дуел без дозволен погодок при ремито 0:0 на Порто како гостин на Ливерпул во својот 167-ми натпревар на турнирот.
„Овој натпревар беше поинаков во споредба со првиот. Сакавме да се претставиме подобро не само заради нас самите, но и поради навивачите. Бевме солидни во одбраната. Направивме и неколку добри напади, но не успеавме да постигнеме гол, што требаше да ни донесе уште попријатен резултат“, прокоментира Касиљас, чиј тим отпаѓа од турнирот по 0:5 во првата средба.