Легендарниот руски шахист Гари Каспаров го критикуваше Новак Ѓоковиќ за одбрана на руските и белоруските тенисери, на кои оваа година им беше забрането да играат на Вимблдон.
За време на турнирот во Белград, Ѓоковиќ изјави дека тенисерите не треба да бидат дискриминирани според нивната националност, туку дека треба да се гледа по рангирање.
Набрзо следеше реакцијата на Каспаров кој се огласи на Твитер.
– Русија би можела да игра според пласманот, но според националноста, Русите убиваат. Руските спортисти кои не се противат на војната на Путин во која тој сака да ги истреби Украинците го поддржуваат во тишина. А Србин, кој исто така не се противи на тоа, е особено незгоден со оглед на историјата – рече Каспаров.
Инаку, Каспаров стана доста активен како политичар откако ја заврши својата шаховска кариера. Стана ривал на Путин, најави и претседателска кандидатура, но не беше успешна поради, како што рече Каспаров, опструкција.
Тој избега од Русија во 2013 година поради страв од прогон. Една година подоцна се преселил во Подстрана кај Сплит и доби хрватско државјанство.