Кастинг за гласови за анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата”

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” во продукција на „Линкс студио“ објави кастинг за гласови, кој е отворен за сите заинтересирани.

Продукцијата соопшти дека „Јон Вардар“ е анимирана апсурдна СФ-комедија и дека за разлика од филмската глума, тука таа најчесто треба да биде и попретерана од театралната.