314
Пратеникот Кастриот Реџепи, бил на средба и со министерот за правда Бојан Маричиќ, со кој разговарале за евроинтеграцискиот процес.
„Стабилно мнозинство и стабилна Влада се клучни во месеците кога се прават големи напори за отворање на преговорите со ЕУ. Со пратеникот Кастриот Реџепи се согласивме дека ни претстои навистина важен период во евроинтегративниот пат, а потребата од продолжување на реформите е голема“, наведува министерот во објавата на социјалните мрежи.
Реџепи на 11 ноември не се појави во Собранието на седницата за гласање недоверба на Владата, по што опозицијата остана без еден пратеник и не можеше да обезбеди кворум.