Локалниот парламент во Каталонија официјално помилува стотици жени кои биле прогласени за вештерки и егзекутирани меѓу 15 и 18 век.
Локалните пратеници со големо мнозинство усвоија резолуција за рехабилитација на споменот на повеќе од 700 жени кои биле мачени и убиени.
Шпанските историчари открија дека Каталонија е еден од првите региони во Европа каде се ловеле вештерки.
Таа се смета и за еден од најлошите региони за егзекуции.
„Неодамна откривме имиња на повеќе од 700 луѓе кои биле прогонувани, мачени и егзекутирани меѓу 15 и 18 век“, велат групите, кои стојат зад резолуцијата.
Вештерките често се обвинувани за ненадејната смрт на деца или за лошите жетви, изјави за Би-Би-Си Пау Кастел, кој предава модерна историја на Универзитетот во Барселона.
Се проценува дека десетици илјади луѓе во Европа, главно жени, се осудени на смрт поради практикување вештерство.