Што точно е Ноќта на вештерките и што се слави вечерва?

од Stefanija Kuzmanovska

Ноќта на вештерките, како што ја нарекуваат Американците, се слави секој 31 октомври. Овој ден е еден од омилените на најмладите бидејќи во градинките најчесто се организираат маскенбали и разни активности.

И на возрасните не им недостига еуфорија и забава во „најстрашната“ ноќ во годините бидејќи често се поканети на „маскирани“ вечерни настани кои се од многу интересен карактер.

Клучни моменти на Ноќта на вештерките вклучуваат маскирање, собирање слатки од врата до врата и длабење тиква во разни облици.

Почнувајќи како ирска традиција, Ноќта на вештерките станала национално признат фестивал во Америка. Повеќе од 150 милиони луѓе во САД учествуваат во прославите на Ноќта на вештерките.

Едно од објаснувањата зошто се слави Ноќта на вештерките вели дека уште Келтите верувале дека први ноември всушност е почеток на нова календарска година, па затоа прославата претходната вечер ја посветиле на богот на Сонцето и господарот на смртта.

Тие исто така верувале дека ноќта помеѓу 31 октомври и први ноември, мртвите излегуваат од гробовите и ги посетуваат местата каде што живееле на овој свет, додека живите прават врева од страв од нив за да ги избркаат, плашејќи се од средба со нив.

Римјаните ѝ придавале значење на оваа ноќ и ја сметале за зимски мрачен период од годината. Во оваа ноќ ги гаснеле огновите во огништата и верувале дека мртвите доаѓаат на овој свет, па оставале разен зеленчук, кој претходно го издлабувале, на вратите од куќата за да ги избркаат мртвите. Сега, најчесто станува збор за тиква.

Интересни факти кои ги поврзуваме со „страшниот“ празник

Ноќта на вештерките е датум кој со нетрпение го очекуваат и трговците, кои задоволно ги тријат рацете бидејќи продаваат голем број маски и костими, како и други реквизити потребни за модерен начин на одбележување на динамичниот празник.

Онаму каде што се слави Ноќта на вештерките, одредени телевизиски куќи дури и ја прилагодуваат својата програма на овој датум и емитуваат хорор филмови за оние кои го слават да имаат подобра атмосфера и секако да ја привлечат публиката тој ден.

Покрај тоа, многу серии ја посветуваат 13-тата епизода на „застрашувачката“ забавна ноќ.

Потеклото на Ноќта на вештерките е првенствено ирско – од келтскиот фестивал на мртвите наречен „Самхаин“.

Келтите верувале дека духовите на мртвите се на Земјата каде одмараат, па луѓето се облекувале во костими и оставале „подароци“ на нивните влезни врати за да ги смират духовите. Како и многу други традиции, така и оваа се пресели во САД.

Ноќта на вештерките порано беше одлична можност да ја пронајдете љубовта на вашиот живот. На некои места, луѓето ја прославуваа Ноќта на вештерките играјќи романтични игри со раскажување „Ноќ на вештерките: од пагански ритуал до забавна ноќ“. Кога празникот се пресели во Америка, младите ја продолжија традицијата.

Полна месечина е многу ретка оваа ноќ. Како ви звучи завивањето на месечината? Врколаци? И покрај популарниот фолклор и забава, последната полна месечина на Ноќта на вештерките што ја паметиме беше во 2020 година. Претходната полна месечина која сите ја паметат на Ноќта на вештерките беше во 2001 година, а претходно во 1955 година.

Слични содржини