Каталонски медиуми: Обамејанг бил претепан од банда од Косово

од Nikola Popovski
198 прегледи

Фудбалерот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг и неговата сопруга Алиша Бехагу беа ограбени минатиот понеделник во Барселона. Фудбалерот од Габон бил претепан со железни шипки, му ги украле дијамантите, по што побегнале со бело Ауди А3. Неговата сопруга, која исто така била претепана, ја повикала полицијата, а наводно и двајцата во моментов се во добра состојба.

Каталонскиот медиум АРА објави дека Аубамејанг бил ограбен од четворица по кои трага полицијата, а станува збор за членови на банда Албанци од Косово. Напаѓачот на Барселона и неговото семејство се преместени во хотел додека полицијата не ја заврши истрагата во нивниот дом.

Да потсетиме, Обамејанг како слободен играч дојде во Барселона во јануари оваа година. По добра полусезона, со доаѓањето на Роберт Левандовски падна во втор план. Во текот на летниот преоден рок тој се уште се поврзува со Челзи.

Слични содржини