Симнатите од власт каталонски функционери на регионалната влада доија повик да се појават во Врховниот суд на Шпанија пред кој се осомничени за побуна и заговор поради одржувањето на реферндумот за независност на овој регион кој е прогласен за нелегален.

Мадридскиот суд повика 13 функционери и поранешниот лидер на Каталонија Карлес Пучдемон кој веќе најави дека ќе го игнорира повикот.
„Ова е политичко судење“, реч Пучдемон од Брисел.
Обвинителот може да нареди нивно апсење доколку не се појават. Обвинението се уште не е официјално потврдено.Судијата ќе одлучи дали треба да одат во затвор додека трае истрагта која би довела до евентуално судење, но може да им одреди и кауција и да им нареди да ги предадат пасошите.
Не е познато колку осомничени ќе се појават во судот.
„Овие повици се дел од постапката која нема правна основа и само настојуваат да ги казнат идеите“, рече симнатиот од власт каталонски лидер.
Истакна дека ќе се врати во Шпанија ако неговите колеги добијат гаранција дека ќе имаат чесно судење.
Шпанската влада инсистира дека нема влијание на правосудството, но ако дојде до тоа на каталонските функционери да им биде одреден притвот без кауција, тоа ќе предизвика гнев кај приврзаниците на независна Каталонија и може да избијат немири.
Судот на осомничените им даде рок од три дена да платат депозит од 6,2 милиони евра за евентуални трошоци.