Катар донира 20 милиони долари на Алијансата за вакцини и имунизација

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Емирот на Државата Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал Тани, најави поддршка на Државата Катар на Глобалната алијанса за вакцини и имунизација „GAVI“ во вредност од 20 милиони долари.

Шеик Ал Тани ја повика меѓународната заедница да работи заедно за да обезбеди праведност во обезбедувањето на потребните лекови и медицинска опрема за сите земји.

Тој ја истакна поддршката на државата Катар до Светската здравствена организација (СЗО) за нејзините координативни напори во борбата против пандемијата КОВИД-19 и промовирање на глобалната подготвеност за справување со заразните болести во иднина.

Ова беше речено за време на говорот на Шеик Ал Тани на Глобалниот самит за вакцинирање 2020 година, на кој учествуваа голем број суверени, врвни шефови на држави и влади, претставници на земји, шефови на меѓународни и регионални организации и директори на многу глобални компании.

– Оваа криза покажа дека не постои алтернатива на меѓународната соработка и размената на искуства, што бара удвоени заеднички напори за елиминирање на КОВИД-19 со ефективни вакцини и лекови, како и подготовки за справување со нови епидемии на долг рок – рече Шеик Ал Тани.

Во кризата со коронавирус, Катар донираше помош за повеќе од 20 земји, вклучително и медицинска нега, изградба на теренски болници и 140 милиони долари инвестиција во здравствени установи кои работат на развивање на вакцината и обезбедување на ефикасност на здравствената заштита, особено во најмалку развиените земји.