Катар купува удел во Формула 1 тимот на Audi

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Многу брзо, откако Заубер целосно ќе премине под контрола на Audi, малцински удел во Формула 1 тимот ќе купи и државниот инвестициски фонд на Катар. Информациите доаѓаат од авторитетниот германски магазин „Аuto motor und sport“, кој прецизира дека Audi ќе ја задржи контролата над тимот.

Сезоната 2025 ќе биде последната преодна сезона за Заубер, бидејќи од почетокот на 2026 година ќе биде фабричкиот тим на Audi, но новиот шеф на проектот Матија Биното веќе објасни дека Германците доцнат во подготовките и ќе им треба повеќе време за да ги стигнат лидерите во Формула 1. Audi веќе доби одобрение од ФИА и Формула 1 да троши повеќе пари за плати, поради високиот стандард во Швајцарија, каде што е сместен тимот, Заубер силно се бори со тимовите од Англија и Италија да привлечат специјалисти.

Малцинскиот удел на катарскиот фонд во тимот на Audi ќе биде втора голема инвестиција во спортот во Европа, бидејќи фондот веќе го поседува францускиот фудбалски клуб Пари Сен Жермен.

Слични содржини