Катар му подари на Трамп луксузен Боинг вреден 400 милиони долари, познат како „летечка палата“

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Американските медиуми објавија дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп се подготвува да добие Боинг 747-8 од катарското кралско семејство, чија вредност се проценува на 400 милиони долари.

Ова би можел да биде „највредниот подарок што некогаш им е даден на Соединетите Американски Држави од страна на владата“, што може да покрене прашања за тоа дали е воопшто легален, пишува ABC News.

Подарокот е предвидено да стане новиот „Ер Форс Уан“ сè додека претседателот Доналд Трамп не ја напушти функцијата, кога ќе биде дониран на Фондацијата на претседателската библиотека на Трамп, изјави извор запознаен со договорот.

Изворите додадоа дека се очекува подарокот официјално да биде објавен следната недела за време на посетата на Трамп на Доха.

Трамп го обиколил авионот додека бил паркиран на меѓународниот аеродром Вест Палм Бич во февруари, а е толку луксузен што е познат како „летечкa палата“.

Исто така, адвокатите од Белата куќа и Министерството за правда заклучија дека подарокот бил легален и „не ги прекршил законите против поткуп“.

Авионот ќе биде префрлен во воздухопловните сили на САД, кои ќе го модифицираат за да ги исполни воените спецификации потребни за транспорт на американскиот претседател.

Сепак, официјален претставник на Министерството за одбрана изјави дека воздухопловните сили на САД не постигнале никаков договор за реновирање на авионот, објави „Њујорк тајмс“.

Слични содржини