248
Министерството за надворешни работи на Катар, кое посредува во преговорите меѓу Израел и Хамас, соопшти дека прекинот на огнот ќе започне утре во 7 часот по локално време и дека првите заложници треба да бидат ослободени во петок во 16 часот.
Портпаролот на катарското министерство за надворешни работи на прес-конференција во Доха изјави дека прекинот на огнот ќе започне во петок во 7 часот и дека помошта треба да почне да пристигнува во Газа преку преминот Рафах веднаш штом ќе започне прекинот на огнот.