183
Пјер Антонио Панцери, човекот кој наводно стои зад аферата „Катаргејт“, ќе мора да ја каже вистината на белгиското правосудство и не смее ништо да крие, а доколку не го стори тоа, не само што ќе го „прекрши договорот“, туку ќе биде обвинет за „нарушување на правдата“, изјави извор за „Еурактив“ упатен во случајот.
Панцери неодамна постигна договор со белгиското правосудство да зборува за „Катергејт“ и да ги обезбеди сите потребни информации поврзани со скандалот, во замена за намалена казна.
„Панцери ќе даде нови имиња вмешани во скандалот во Катар и Мароко“, додаде изворот.