Се стравува дека илјадници луѓе се мртви во Либија откако бурата „Даниел“ донесе толку многу дожд на североисток што две брани се урнаа во еден регион, повлекувајќи цели населби во морето, јавува Си-Ен-Ен.
Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а уште околу 6.000 се водат за исчезнати во тешко погодениот град Дерна, рече Отман Абдулџалил, министер за здравство на една од двете ривалски влади кои се борат за власт во северноафриканската држава.
The city of Derna in eastern Libya has been declared a disaster zone after Medicane Daniel caused catastrophic flash flooding across the area overnight. Many residential buildings have been destroyed along the riverbanks. I fear we might be facing a mass casualty event. pic.twitter.com/QoVp8vzjpp
— Nahel Belgherze (@WxNB_) September 11, 2023
„Ситуацијата во Дерна е катастрофална… Тела сè уште лежат на многу места“, изјави Абдулџалил за либиската телевизија Алмасар, известувајќи од Дерн во понеделникот. Опишувајќи ја Дерна како „град на духови“, Абдулџалил рече дека делови од градот се изолирани поради поплавите. Тој апелираше до меѓународната заедница за помош, велејќи дека на властите итно им се потребни тимови за пребарување и спасување.
Libya'daki can pazarı görüntüleri çok kötü, 10.000 insan kayıp deniliyor.
Ey Rabbimiz;
Senin gazabından yine Sana sığınırız..——#Libya Affet Türkiye Antalya Mehmet Şimşek Savcı iPhone 15 Pro Max BAŞÖĞRETMEN ERDOĞAN Bursa Medine Tuzla Belediyesi Kuran Osman Gökçek Şeriat pic.twitter.com/jXrRWE5Kcb
— Deniz BOZDOĞAN (@DenizBozdogan_) September 11, 2023
Ахмед Мисмари, портпарол на Либиската национална армија (ЛНА) со седиште во источниот дел на земјата, рече дека две брани се урнале под притисокот на поплавите. „Како резултат на тоа се урнаа три моста. Водата однесе цели населби и на крајот ги наталожи во морето“, рече тој.
Шефот на либиската служба за вонредни состојби, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинска крајбрежна област“. „Куќите во долините беа однесени од силни струи од кал кои носеа возила и остатоци“, додаде тој. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување, рече Али, а работниците не можат да влезат во Дерна поради големото уништување.
📹 | At least 2,000 people are dead and thousands more missing in Libya after devastating floods hit the east of the North African nation, official sayspic.twitter.com/jjb7Rt5xmT
— EHA News (@eha_news) September 11, 2023
Али рече дека властите не ги предвиделе размерите на катастрофата. „Не беа добро проучени временските услови, не беа проучени нивото на морската вода и врнежите, брзината на ветерот, немаше евакуација на семејства кои би можеле да се најдат на патеката на бурата и во долините“, рече Али. „Либија не беше подготвена за таква катастрофа. Никогаш не сме биле сведоци на вакво ниво на катастрофа. Признаваме дека имало недостатоци иако ова е прв пат да се соочиме со вакво ниво на катастрофа“, изјави Али за каналот Ал Хура.
After devastating Greece in the country’s worst ever flood disaster, #medicane Daniel submerges East Libya under water. First estimate of 2,000 dead, many missing thought to have been washed out to sea. Apocalyptic. #ClimateCrisis #ClimateActionNow pic.twitter.com/HTxgiTQbaz
— George Tsakraklides (@99blackbaloons) September 11, 2023
Мисмари, портпаролот на ЛНА, рече дека поплавите зафатија неколку градови, вклучувајќи ги Ал-Бајда, Ал-Марџ, Тобрук, Такенис, Ал-Бајада и Батах, како и на источниот брег до Бенгази.
Mediterranean cyclone #StormDaniel might be one of the most destructive and deadly events in recent history.
Photo from #Libya pic.twitter.com/l4MY5Ffsui— MedCyclones (@medcyclones) September 12, 2023
Либија, земја со шест милиони жители, е поделена меѓу завојуваните фракции од 2014 година, по бунтот поддржан од НАТО против Моамер Гадафи во 2011 година. Едната влада е во Триполи, на запад, предводена од Абдул-Хамид Дбеибех, а другата на исток, поддржана од Калифа Хафтар.
Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“, според извештајот на државната новинска организација ЛАНА.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат потопени автомобили, срушени згради и порои вода кои брзаат низ улиците.
Болниците во источниот град Бајда се евакуирани по големите поплави предизвикани од силно невреме, според видео снимките споделени на Фејсбук од Медицинскиот центар Бајда.
This isn’t war. This is a consequence of choosing war and corruption over nation building.
A video from Derna, Eastern Libya pic.twitter.com/y1NoQhZY24
— Anas El Gomati (@AGomati) September 11, 2023
„Обединетите нации во Либија внимателно ја следат вонредната ситуација предизвикана од тешките временски услови во источниот регион на земјата“, соопшти Мисијата за поддршка на Обединетите нации во Либија во објава на Платформа Х (поранешен Твитер).
Неколку земји испратија сочувство и понудија помош за Либија додека спасувачките тимови се обидуваат да најдат преживеани под урнатините.
Huge tornado caught on camera in Libya's Benghazi as a result of Storm Daniel pic.twitter.com/Ze2SDLRI8v
— EHA News (@eha_news) September 11, 2023
Турската агенција за катастрофи во понеделникот соопшти дека ќе мобилизира 150 лица за пребарување и спасување, заедно со шатори, возила за спасување и други материјали, како што се генератори.
Американската амбасада во Либија на X објави дека е во „близок контакт со Обединетите нации и со властите во Либија за да се утврди колку брзо „можеме да обезбедиме помош онаму каде што е најпотребна“.
2-Meter Temperature Anomaly until June 2024
No magic 🪄 cooling we fucked it really up. I do not expect some government will reduce Heat only some system prolonging greenwashing. Maybe even cooling Mirrors 🪞 or Methane oxidation are not better and will only prolong the… pic.twitter.com/XOnoIy7UN0
— Thomas Reis (@peakaustria) September 11, 2023
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Зајед Ал Нахјан, нареди испраќање помош и тимови за пребарување и спасување, притоа изразувајќи го своето сочувство до погодените од катастрофата, објави државната новинска агенција.
Сочувство до Либија изрази и египетскиот претседател Абдел Фатах Ел Сиси. „Посакувам брзо закрепнување на повредените и се надевам дека кризата брзо ќе помине со обединувањето на Либијците“, рече Ел Сиси во изјавата на социјалните мрежи.
Дождот за време на викендот е резултат на остатоците од многу силен систем со низок притисок, кој националните метеоролошки служби во Југоисточна Европа официјално го нарекоа Бура Даниел.
Невремето донесе катастрофални поплави во Грција минатата недела пред да се пресели во Медитеранот и да се развие во тропски циклон.
UPDATE-
The authorities expect 10,000 deaths after the catastrophic floods which affected the east of the #Libye .#Derna got completely destroyed because of the floods when two #dams broke during #StormDaniel.#Flood #اعصار_دانيال #Derna #Libya #ليبيا #Daniel #jabalalakhdar… pic.twitter.com/CKSUKQeUy6— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) September 12, 2023