Катастрофа за Барса: Левандовски ќе ги пропушти Реал и полуфиналето во Лигата на шампионите?

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски заработи повреда на натпреварот од 32. коло на шпанското првенство против Селта (4:3) и според првичните проценки ќе мора да паузира извесно време.

Искусниот Полјак мораше да го напушти теренот, а првите извештаи од соблекувалната не се охрабрувачки.

Според информациите на шпанскиот весник „Ас“, во Барселона постои оправдан страв дека се работи за повреда на тетивата, потенцијално кинење на мускулот, што би значело пауза од најмалку три недели.

Ќе го пропушти финалето на Купот и најверојатно дуелот со Интер.

Доколку се потврдат темните предзнаци, Левандовски сигурно ќе го пропушти финалето од Купот против Реал Мадрид, кое е закажано за 26 април. Исто така, под знак прашалник е и неговиот настап во полуфиналните дуели од Лигата на шампионите против Интер (30 април и 6 мај).

36-годишниот напаѓач игра блескаво оваа сезона – на 31 првенствен натпревар постигна 25 гола и додаде две асистенции.

Слични содржини