„Црвените ѓаволи“ ќе бидат ослабени за двајца важни играчи.
Последното засилување, дефанзивецот Лени Јоро, кој беше платен 62 милиони евра, ќе паузира три месеци.
Освен него, шест недели надвор од теренот ќе биде и првиот центарфор на тимот Расмус Хојлунд.
Двајцата играчи предвреме го напуштија теренот во пријателскиот дуел на Јунајтед со Арсенал со 2-1 во саботата.
Јоро беше снимен во тренинг центарот на Јунајтед на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес како носи заштитна чизма и одеше на патерици.
Со ова се потврдија сомнежите за тешка повреда, а тој ќе отсуствува до октомври.
18-годишникот ќе пропушти девет натпревари во Премиер лигата, вклучувајќи ги и дуелите со Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила, а нема да игра на стартот од Лигата на Европа.
Хојлунд го постигна воведниот гол против Арсенал, а потоа се пожали на повреда на тетивата.
Тој ќе паузира до крајот на репрезентативната пауза, односно до средината на септември.
Дополнително, во победата над Бетис се повреди и Маркус Рашфорд, кој беше стрелец и асистент, додека Бразилецот Ентони ја повреди раката.