Катастрофална сезона за Јунајтед: Порази, пад на табелата и нова повреда

од Љубиша Владимиров
29 прегледи

Манчестер Јунајтед ја доживува една од најлошите сезони во поновата историја, а состојбата може да стане уште полоша. Минатиот викенд Јунајтед доживеа тежок пораз од Њукасл со 4:1, по што падна на скромното 14. место на табелата во Премиер лигата. Но, покрај тоа што го загуби вториот натпревар во последните три кола, тимот остана и без првиот напаѓач.

Тренерот Рубен Аморим пред утрешниот реванш од четвртфиналето на Лига Европа против Лион потврди дека Џошуа Циркзи ќе ја пропушти преостанатата сезона поради повреда. Холандскиот напаѓач се повреди на натпреварот против Њукасл и, иако првичните прогнози беа оптимистички, лекарските прегледи покажале дека не може да се врати до крајот на сезоната.

Циркзи беше подложен на бројни критики откако минатото лето пристигна од Болоња за 42,5 милиони евра. Во 48 настапи за Јунајтед постигна само седум голови и често беше исвиркуван од навивачите. Сепак, неодамна си ја врати самодовербата со голот што го постигна во ремито 2-2 на првиот натпревар против Лион.

Со неговото отсуство, единствена вистинска опција во нападот за Аморим останува Расмус Хојлунд, кој е без постигнат гол на последните пет натпревари.

Слични содржини