Лос Анџелес Лејкерс сезонава ги разочара своите навивачи, а со она што го прикажаа против Милвоки само потврдија бројни изјави дека не изгледаат како тим способен да се бори за титулата, напротив. Леброн Џејмс и неговите соиграчи во дебаклот против Бакс (116:131) примија дури 78 поени во првото полувреме и со тоа срушија негативен клупски рекорд.
Тимот што треба да се гордее со одбраната, со оглед на докажаните дефанзивци како Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Расел Вестбрук, Тревор Ариза… против Милвоки, изгледаше како група аматери на едно место.
Кошаркарите на Милвоки особено во првото полувреме шутираа непречено како на некој полесен шутерски тренинг. Особено беше инспириран Јанис Адетокунпо (44 поени), кој одлично стрелаше во првото полувреме (9-9).
Дека Лејкерси ќе флертуваат со негативен клупски рекорд во првите 24 минути беше јасно откако примија нереални 57 поени во воведните 16 минути од натпреварот.
На паузата, на централниот семафор пишуваше дека „езерџиите“ му дозволиле на ривалот да постигне 78 поени. Алгоритмите веднаш се вклучија и автоматски покажаа дека се работи за негативен клупски рекорд, кој ќе оди зад имињата на генерацијата, која е предвидена да атакува на титулата оваа сезона.
Лејкерси од стартот на сезоната ги мачат повредите на најважните играчи, сепак, против Бакс, актуелниот шампион во НБА, играа речиси во најсилниот состав, но и тоа не вредеше ништо.