Поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, донела католички свештеници за да извршат егзорцизам во нејзиниот дом, откако нејзиниот сопруг во октомври беше нападнат од маж кој всушност ја барал неа, изјави нејзината ќерка за „Њујорк Тајмс“.
„Мислам дека ѝ беше многу тешко. Навистина се чувствуваше виновна и тоа ја скрши“, изјави нивната ќерка Александра Пелоси за овој весник.
„За време на Денот на благодарноста, доаѓаа свештеници кои се обидуваа да извршат егзорцизам во куќата и да кажат молитви“, рече таа, додавајќи дека Ненси секогаш била отворена за нејзината католичка вера.
Пол Пелоси беше хоспитализиран со фрактура на черепот откако беше нападнат со чекан во домот на парот во Сан Франциско во октомври.
Федералните обвинители велат дека Дејвид Депаип, човекот обвинет за нападот, им рекол на истражителите дека сакал да ѝ ги скрши нозете на Ненси Пелоси како пример за другите демократски членови на Конгресот.