Католиците и протестантите денеска го одбележуваат Велики петок

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Христијанските верници кои времето го бројат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Велики петок, денот на распнувањето и смртта на Исус Христос од Назарет.

Велики петок се смета за најтажен ден во годината, а денес го одбележуваат католиците, протестантите, англиканците, некои православни цркви и некои помали цркви.

На Велики петок верниците се сеќаваат на настаните кои непосредно му претходеа на Христовото распнување, почнувајќи од неговото изведување пред судот на Понтиј Пилат, неуспешниот обид да се обвини и извикот на јудејскиот народ: „Распни го!“, како и носењето на крстот низ градот, на патот кон Голгота, распнувањето и простувањето на џелатите со зборовите: „Оче, прости им, бидејќи не знаат што прават“, умирање, симнување од крстот, помазание со мир, повивање на телото во платно и положување во гробот и поставување стража за да го чува гробот за некој да не го украде телото.

За католичките верници Велики петок е ден на пост и единствен ден во годината кога нема света миса, но попладне во црквите се чита Крстниот пат – односно патот на Христовото страдање.

Слични содржини