Денеска е ретрограден Меркур и петок 13-ти: Еве кои два знака треба да внимаваат!

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска е симболичен датум бидејќи е петок 13-ти, што значи лоша среќа, но тоа не е се бидејќи ретроградниот Меркур започна на 10 мај.

Комбинацијата од два хаосa, ретрограден Меркур и петок 13-ти, на многумина им падна во очи, а сите се прашуваат како тоа ќе влијае на текот на настаните во претстојниот ден.

Самиот ретрограден Меркур веќе е доволно збунувачки за да ги искомплицира нашите настани, а се верува дека петок 13-ти е лош ден.

Да потсетиме, во петокот 13-ти се случија настани кои ја одбележаа историјата.

Поради ретроградниот Меркур веќе сме сведоци на одложени преговори, отежната комуникација, но и хаос во сообраќајот.

Бидејќи Меркур е владетел на Девицата и Близнаците, со нив сè ќе оди чекор напред, а два чекори назад. Не треба да се надеваат дека нешто ќе помине лесно, а сите важни преговори да ги остават за 4 јуни.

Месецот мај започна бурно, а астролозите не предупредуваат на затемнувањето на крвавата полна месечина во Скорпија на 16 мај.

Астролозите се согласуваат дека штом планетата е ретроградна, тогаш старите контакти се обновуваат. Работата е што обновувањето, да речеме, на некое старо пријателство или романса може да ни изгледа како добар избор, а кога ќе помине ретроградниот Меркур, ќе изгледа сосема поинаку.

Слични содржини