Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж, соопшти обвинителството.
Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело.
Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.
Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот. Подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител, појаснуваат од обвинителството.