Кавадарчанец си ја продавал малолетната девојка преку Инстаграм

од Берта Китинска
306 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело – Посредување во вршење проституција од член 191 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на последните два месеца, осомничениот ја врбувал и наведувал на проституција неговата малолетна девојка, така што преку нејзиниот профил на Инстаграм до кој имал пристап, пишувал во нејзино име и договарал средби со повеќе лица. Потоа ја наведувал да оди на средбите и да има сексуални односи со лицата за парични средства, а парите да му ги дава на осомничениот.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или дека ќе се обиде да влијае на сведоците, надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.​​

Слични содржини