Единсон Кавани, напаѓачот на Манчестер Јунајтед е во неволја, бидејќи може да заработи суспензија поради невнимателен говор на социјалните мрежи.
Уругваецот беше херојот во големиот пресврт на Јунајтед на „Сент Мери“ во неделата, кога му помогна на својот тим да победи со асистенција и два гола, и да стигне до 3: 2 од 0: 2.
Кавани подоцна одговорил на пораката на пријател на Инстаграм, но го употреби зборот „негрито“, кој има расистичка конотација.
„Пораката што ја објавив е испратена до еден пријател, во кој му благодарам за честитките за натпреварот. Последно што сакав е да навредам некого. Јас сум целосно против расизмот и ја избришав пораката најбрзо што можев кога ми рекоа дека може да се толкува поинаку. Би сакал искрено да се извинам“, објаснил Кавани.
Манчестер јунајтед исто така потврди дека фудбалерот немал никакви лоши намери и дека веднаш ја избришал пораката кога му објасниле дека може поинаку да се сфати во Англија.
Без оглед, позицијата на ФА на Англија е авторитативна, и ќе видиме како тие ќе одлучат во оваа ситуација.
Во секој случај, Кавани би можел, поради невнимание, да заработи суспензија до три натпревари.