Кавани суспендиран на три натпревари поради расизам

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани денес беше суспендиран на три натпревари затоа што на социјалните мрежи го користеше шпанскиот термин за „црнци“.

Исто така, како што одлучи Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА), тој ќе мора да плати 100 илјади фунти.

ФА соопшти дека Кавани користел „навредлив, непристоен говор“ и дека и донел на играта „лоша репутација“, а неговиот прекршок е окарактеризиран како посериозен.

Кавани испрати порака на Инстаграм откако постигна два гола во победата од 3: 2 над Саутемптон во октомври во Премиер лигата.

Тој се извини, велејќи дека не мислел ништо лошо, туку дека се обраќе на свој пријател.

Манчестер Јунајтед објави дека ја прифаќа казната.

Слични содржини