Кавани, Вернер или Мората? Еден од тројцата ќе го замени Левандовски во Баерн

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Баерн (Минхен) веќе работи на најголемата летен цел,а тоа е потрага по нов напаѓач при евентуална продажба на Роберт Левандовски, пишува „АС“.

Според изданието стрелецот најверојатно ќе го напушти тимот и најверојатно ќе премине во Реал Мадрид, а желбата на Полјакот да ја смени средината ќе биде и клучен фактор тимот да се согласи да го продаде за сериозна сума.

Изданието тврди дека варијантите, за кои размислува Баерн за нов напаѓач, се Алваро Мората од Челзи, Единсон Кавани од ПСЖ и Тимо Вернер од Лајпциг.

Се очекува во наредните недели да има малку повеќе јасност околу тоа на кого од тројцата ќе застане тимот.

Се разбира, многу важно значење ќе има и тоа кој ќе биде новиот тренер на тимот, кој според медиумите во Германија, ќе биде Томас Тухел.

Како што е познато, ветеранот Јуп Хајнкес, кој е веќе во напредни години, нема намера да продолжи да го води тимот и по крајот на сезоната, иако успеа да го крене на нозе тимот во тежок момент.

Слични содржини