Кавга ја прекина комисиската расправа за Јовески да стане Уставен судија

од Берта Китинска
267 прегледи

Кавги и расправии ја прекинаа седницата на Комисијата за избори и именувања на која се расправаше за предлогот Љубомир Јовески да стане Уставен судија.

Пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска обвини дека опозицијата ја опструира работата на комисијата, па откако цитираше делови од собранискиот деловник кога може да биде одземен збор на пратеник, ја прекина комисиската расправа.

Јовески е последниот кандидат за уставен судија кој треба да ја мине комисиската расправа во собранието. Предложен е од владејчката СДСМ, а досега поддршка добија и останатите кандидати на власта.

Опозицијата понуди шестмина кандидат, но ниту еден не доби доволно гласови за Уставен судија.

Слични содржини