Кавс обезбедија важно засилување: Мичел останува во Кливленд уште најмалку три сезони за 150 милиони долари

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Кливленд и Донован Мичел се договорија да ја продолжат соработката уште три сезони, а според новиот договор ѕвездата на Кавалирс во тој период ќе инкасира дури 150 милиони долари.

Договорот кој му беше даден на Мичел му даде опција да избере дали ќе биде дел од Кавси во сезоната 2027/28, додека според Адријан Војнаровски од ESPN, американскиот плејмејкер би имал опција да преговара за нов, максимален договор вреден 380 мил. долари.

Според американските медиуми, на Мичел му се гарантирани 185 милиони долари за период од четири години, додека за тој „бонус од 380 милиони“ би можел да преговара за три сезони, бидејќи дотогаш ќе го има стекнато условот за таков договор како 10-годишен ветеран во НБА лигата, што носи одредени привилегии.

Да потсетиме, Мичел дојде од Јута во Кливленд во 2022 година, а во тие две сезони Кавси играа во плеј-офот, па соработката очигледно продолжи на обострано задоволство.

Минатата сезона Мичел имаше просек од 26,6 поени, со што стана единствениот играч покрај Леброн Џејмс кој имал такви бројки во Кливленд.

Слични содржини