Каземиро: Загубивме поради индивидуалната класа на еден играч

од Vladimir Zorba

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Каземиро не беше среќен по поразот од Пари Сен Жермен со 0-1 во првата 1/8-финална пресметка меѓу двата тима во Лигата на шампионите.

Шпанците долго го држеа резултатот нерешено, откако нивниот противник промаши пенал, но Килијан Мбапе им донесе успех на домаќините на „Паркот на принцовите“ по фантастичен пробив во финишот на мечот.

„Тоа беше добар натпревар помеѓу два многу добри тимови. Можеби го пропуштивме последниот пас за да ги организираме контранападите што ги сакавме. Знаевме дека ќе биде тешко бидејќи многу не притискаа. Загубивме поради индивидуалната класа на еден играч. Тоа е непријатно откако се боревме цел натпревар и Куртоа одбрани пенал. Но, ова е фудбал“, изјави Каземиро.

Слични содржини