Кажа „Да“: Актерката го покажа заслепувачкиот прстен

380 прегледи

Актерката и танчерка Џена Деван се сврши со театарскиот актер Стив Казее, со кој е во врска од октомври 2018 година, а наскоро ќе го добијат и првото дете.

Убавата трудница среќната вест ја сподели на Инстаграм каде се пофали со својот веренички прстен со голем заслепувачки дијамант.

https://www.instagram.com/p/B8u4uo-BBvK/?utm_source=ig_embed

Уште подобар поглед на прстенот, на своите кратки приказни, понуди Стив кој го објави и точниот момент која Џена кажала „Да“.

На фотографијата јасно се гледа дека Стив одвај ги задржува солзите, а откако ја побарал 1 приредил и забава.

За потсртување, Џена и Стив започнаа врска шест месеци откако Џена се разведе од актерот Ченинг Татум, со кој помина 12 години и заедно ја имаат шестгодишната ќерка Еверли. Во септември минатата година открија дека очекуваат бебе, а актерката би требало да се породи деновиве.

Слични содржини