Казна од 2.000 евра за скопјанец не почитувал самоизолација

од Берта Китинска
305 прегледи

Жител на Скопје е обвинет за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Триесет и тригодишниот скопјанец на 12 март се врати од Франција и потпишал изјава за самоизолација. Обвинетиот на 21 март, при проверка од полицијата, не бил затекнат во неговиот дом.

Како што соопшти Јавното обвинителство, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице.

-Обвинетиот, на возраст од 33 години, на 12 март се вратил во земјава по престој во Франција како високоризична земја за ширење на коронавирусот COVID-19 и потишал изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена. Сепак, тој не постапил според прописите и наредбите на Владата со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест, па на 21 март, при извршена проверка од страна на овластени полициски службеници, не бил затекнат во неговиот дом, се наведува во соопштението.

ОЈО – Скопје на Судот му предложил на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби со висина на дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Слични содржини