Казна за Фејсбук од 746 милиони евра поради неправилно постапување со кориснички информации

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Фејсбук ќе биде казнет со повеќе од 746 милиони евра и ќе биде наредено да го суспендира преносот на податоци во САД, бидејќи Комисијата за заштита на податоци на Ирска се подготвува да ја казни социјалната мрежа поради ракување со кориснички информации.

Казната, за која прв извести „Блумберг“, треба да биде потврдена утре и ќе стане рекорд за прекршување на општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ, надминувајќи ги 746 милиони евра кои Луксембург ги зел од „Амазон“ во 2021 година, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Ирската Комисија за заштита на податоците, која е водечки регулатор за приватност на Фејсбук и неговиот сопственик „Мета“ ширум ЕУ, исто така се очекува да го паузира преносот на податоците на европските корисници на Фејсбук во САД.

Слични содржини