193
СВР Битола информира дека е ќе биде поднесена соодветна пријава до вработен во продавница, кој му продал алкохол на малолетник.
При спроведување на акциска контрола во Битола за санкционирање на точење на алкохолни пијалоци на деца на 02/03.09.2022 во времето од 22.00 – 02.00 часот, констатирано е дека од страна на вработено лице во колонијална продавница лоцирана на ул„Климент Охридски“ во Битола послужен е малолетник со алкохолен пијалок.
-Контролите интензивно продолжуваат и во нареден период, посочија од полицијата.