Законот за оружјето предвидува прекршочна санкција од 500 до 1.000 евра за преминување на државна граница со оружје, ако патникот што го поседува регуларно не го пријави кај полициските службеници, меѓутоа Законот за кривична постапка отвора можност и за кривична одговорност во ваква ситуација.

Имено, став 1 од член 402 од Кривичниот законик, кој го регулира недозволеното преминување на државната граница, гласи:„Тој што без пропишана дозвола ќе ја премине или ќе се обиде да ја премине границата на РМ вооружен или со употреба на насилство, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше приведен на белградскиот аеродром, бидејќи во неговата торба бил пронајден пиштол. Тој подоцна изјави дека не го пријавил, оти заборавил дека го носи со себе. Тој рече Мијалков дека станува збор за приватен пиштол, кој го поседува со дозвола.
Нејасно е како граничната полиција не го детектирала пиштолот при ренгентската проверка на неговиот багаж на скопскиот аеродром, кога веќе сам не го пријавил.