Казна затвор од 15 години за неготинчанецот што до смрт ја претепа вонбрачната партнерка

од Nikola Popovski
216 прегледи

Петнаесет години затвор доби П.Н. од Неготино за кривично дело тешка телесна повреда со смртни последици, известија од Основниот суд Кавадарци.

Обвинетиот, на 2 август годинава, во состојба на битно намалена пресметливост и со присуство на 1,94 промили алкохол во крвта, извршил семејно насилство врз една оштетена со која предтходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. По вербална расправија, тој најпрвин со бокс и тврди предмети ја удирал по главата, лицето и телото, а потоа ја турнал кон туш кабината, при што оштетената се здобила со телесни повреди од кои на 6 август починала на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Жената паднала во коматозна состојба и починала на 6-ти август, зад себе оставајќи две полнолетни деца.

Претходно надлежниот јавен обвинител му предложи на судот, освен изречената кривична санкција, да определи и дополнителна мерка за безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.​

Слични содржини