Казнети 73 пијани возачи во Скопје

од Берта Китинска
272 прегледи

На територијата на град Скопје вчера се изречени 189 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 73 санкции, 34 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 25 санкции за возење без возачка дозвола.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи изречени се и пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, четири за користење мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Слични содржини