Казнети 77 возачи за возење под дејство на алкохол

од Берта Китинска
216 прегледи

Во текот на вчерашната вечер во периодот од 19.00 до 24.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што биле санкционирани 77 возачи.

Од нив 43 на територија на Скопје, осум на територија на Битола.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбедни патишта.