Казнети осум маркети кои не ги ограничиле цените

од Nikola Popovski
37 прегледи

Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек, информираат од ДПИ.

Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела држава.

-Толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката, велат од ДПИ.

Есенската кошничка ќе важи до 31-ви октомври, а потоа следуваат предновогодишна и пролетна кошничка за намалување на цените на производите кои најмногу се користат во тој период од годината. В петок би требало да стапи на сила Законот за нефер трговски практики.

Слични содржини