Казни од 500 до 10.000 евра за трговците со нечесни практики

од Берта Китинска
154 прегледи

Владата го усвоила законот за заштита на потрошувачите на предлог на министерството за економија, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој посочи дека овој закон ќе помогне за да се подобри квалитетот на живот на граѓаните, за да се заштита потрошувачите и ранливите категории на граѓани во деловните трансакции.

– Трговска практика се смета за нечесна ако го доведува во заблуда потрошувачот, па дури и ако информаците се точни, но го доведуваат во заблуда потрошувачот да донесе одлука која не би ја донел во вообичаени услови. Нечесно е и ако со принуда или примена на сила го доведе во заблуда потрошувачот или го наведе на пазарна одлука која не би ја донел во други услови, појасни Бектеши.

Според законот како што објасни министерот во зависност од големината на компанијата се предвидени казни од 500 до 10 илјади евра. Во делот на санкциите, предвидена е и привремена забрана за работа од три месеци до две години, за среден и голем трговец додека пак одговорните лица, ќе добијат забрана за вршење дејност од 3 месеци до 1 година.

Слични содржини