Казни за 18 граѓани за непрописно вградени фолии

од Nikola Popovski
491 прегледи

Во периодот од 28.02.2022 до 07.03.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата санкционирани се 19 учесници во сообраќајот, од кои 18 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Слични содржини