334
Во текот на минатата недела сообраќајната полиција спровела контрола за санкционирање возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) и користење уреди за светлосни и звучни знаци, при што санкционирани се 24 возачи.
Како што информираат од МВР, 23 возила имале вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), а едно возило поседувало уреди за светлосни и звучни знаци.
Од ресорното министерство посочуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.